Почитувани,

ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА 28-ми АПРИЛ, Република СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

и

СОЈУЗОТ ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТА НА Р.СРБИЈА

заедно реализираат уште една конференција која за цел има унапредување на знаењата и уцврстување на заштитата на работа. Посебно сме горди што и оваа година челните институции од областа на образованието за заштита на работа ќе бидат коорганизатори на нашата конференција:

УНИВЕРЗИТЕT ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП,

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНО-ТЕХНИЧКИ НАУКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО НОВИ САД,

ФАКУЛТЕТ ЗА ТЕХНИЧКИ НАУКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО НИШ,

ФАКУЛТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТА

ОРГАНИЗИРАМЕ

16. МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

„Безбедноста на работа – приоритет во работењето“ од 9 до 12 октомври 2019. којa ќе се одржи во хотелот „Bellevue – Metropol Lake Resort“ Охрид

ИНФОРМАЦИИ

Ги повикуваме сите академци, инженери, професори, лица кои работат во областа на заштита на работа, противпожарна заштита, заштита на животна средина како и заштита од катастрофални случувања, да земат учество во трудовите и предавањата, како и во размена на знаењата, искуствата и добрата пракса.

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСНИЦИТЕ

Пријавата на учесниците се врши со пополнување на формулар кој се наоѓа на интернет страната на на конференцијата www.oshpriority.mk кој потоа треба да се испрати на е-маил адресата: zbr28april@yahoo.com

СМЕСТУВАЊЕ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ

Сместувањето е во хотелот „Bellevue – Metropol Lake Resort“ Охрид” на база на полн пансион, и се резервира исклучиво преку туристичката агенција на +38970385261, +38970295986 или на: holidaycomp a@gmail.com со задолжителна напомена дека сте учесник на конференцијата.

Цената за полни 3 пансиона изнесува за двокреветна соба 10540 денари, за еднокреветна соба е 13640 денари.

(Во цената е вклучено неограничено пијачки за време на сите три вечери, излет со посебен забавен програм со вечера во Вевчани, свечена вечера, зборник на трудови, уверение за учество на конференцијата)

Заради малиот број на еднокреветни соби ве молиме благовремено да резервирате своја соба. На располагање се еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби.

УПЛАТА

Уплатата се врши на сметка на Tуристичка aгенција 

ДТУ Пине Холидејс ДОО Скопје
Ул. Миле Поп Јорданов бр. 1б
жиро с-ка 380070625400186
Про кредит банка
 

Сите информации и детали може да ги добиете на

e-mail: zbr28april@yahoo.com
Контакт тел. 077 53 10 62 Симона или Теодора 072 204 024

mk_MKMK
en_USEN mk_MKMK